отворено (прил.) - му (зам.)

— Не ода на даскал ако не ме дадиш во пансионот! — отворено му застана на татка си пред учебната година. Не помогнаа ни неколку стапчиња по задникот, ни кавги, ни аленици оти ќе го истера од дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Костадин Дамески, старешината на Потковицата, отворено го искара, отворено му рече дека зборува детиништини, дека тие работи не се прават така како што ќе му падне на умот нему или на некого нему сличен, туку така како тој, Костадин Дамчески, што поучува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отворено му загатнав дека со новитетите закрепнува напредокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ми вети дека ќе се заземе околу таа идеја, но, се чини, како што вети така и заборави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или и неговиот збор доволно не тежел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаете како одат тие работи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со еден збор отворено му се ругам на мојот потчинет, иако сум свесен дека она неуморно демонче демне над секој мој неизречен збор, го лови со акробатски скокови и му го поднесува на мојот потчинет на начин што јас не можам да го одгатнам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)