отсекогаш (прил.) - ги (зам.)

Таа отсекогаш ги сакаше цвеќињата и се восхтуваше од нивната разновидност овде, на нивните необични форми и бои, но сега еден вид мијазма надлетуваше над ритчињата од флокси, над купчињата од маргаритки и над куполите од шипови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вистинскиот ризик во целата ситуација е земјата да не стане заложник на познатите егоцентрични етнички програми што отсекогаш ги играле политичките лидери на земјата“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Навистина, тој отсекогаш ги барал нив, но ова беше друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку одамна се случувал тој живот кога нејзините боси нозе ја кршеле утринската корупка од прав по патеките во полето; колку денови или години поминале пред она нејзино откритие соопштено со горчина: дека овде под Сина Скала никогаш нема видено ни траг од своите траги, бидејќи отсекогаш ги немало и не биле?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така, на пример, во битките со историјата, во самата историја, која отсекогаш ги совладувала Балканците, оставајќи им ги во лажна утеха митовите на пропуштената величина, Емил Сјоран, ќе види црна иронија што се движи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Филозофот од балканско потекло ги урнуваше во мене сите оптимистички химери, сите можни лажни апсолути, метафизички или идеолошки илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марјан Ристески е решителен дека пак би тужел, ако било кога му биде повредено некое работничко право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој прекален и бор- бен синдикален лидер на НССПЖМ, излегувајќи на штрајкови и протести, отсекогаш ги охрабрува работниците да се борат за 50 сопствените права, им излегува во пресрет и се солидаризира со оние чии права се повредени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)