очигледно (прил.) - се (зам.)

Стале очигледно се израдува и му одговори: — Ами, ако велиш ти, оче Арсенија, да остана, да остана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од ова гледиште не се разликуваше и ставот на грчката влада: „Во Коница - пишуваа грчките владини весници - очигледно се спротивставија неколку стотици мажи на грчката раса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Баш и не ми е јасно, но очигледно се работи за фалусен симбол - објаснува стручно мојот shrink. - Се разбира - велам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Претседателот на Дисциплинската очигледно се труди да импровизира вистинско судење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо не покажуваше никаков знак на засегнатост. Очигледно се чувствуваше меѓу пријатели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Павле очигледно се противеше – до Бојана и Александар стигна реченицата Јас сум одликуван гардист!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лекарот остана поназад од неа. Очигледно се колебаше што да ѝ каже...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оние погрдите, штрбавите, со растурени црни косишта како диви повивјаци на сув брест, очигледно се вештерките.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)