Повеќе ми е важно и верувам на тоа како јас го доживаувам човекот, поради тоа што личностите ги анализирам подлабоко, продирајќи до темелот на нивните болки кои се манифестација на нивното однесување.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Постојано се молев да не мора да го правам истото од вчера. Повеќе ми одговараше само да разговараме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тешко ја разбирам оваа извештачена срдечност, изнасилена љубезност која повеќе ми личи на облик на агресивност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Лани беше номиниран за Голден Глоуб за една продукција на Милош Форман, иако мене многу повеќе ми се свиѓаше неговиот саундтрак за извесен нискобуџетен мексикански филм.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ми гази по душата и сѐ повеќе ми тежи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, сонот уште повеќе ми е разбиен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
10. Колку повеќе се истргувам, толку повеќе ми стои во близина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Едно за друго ме прашува, но уште повеќе ми кажува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Куц, куц, одам, ѕин, ѕин, слушам и овој звук уште повеќе ми ја крева лутината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На секое викнување, крвта повеќе ми удира, придотекува, што се вели, џглиботи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
16. А сепак, што повеќе ми се случува, сѐ помалку ме привлекува статичката мудрост.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Денес сум капнат, небричен. Ноќта е ведра, стегна цикна, на снегот се огледува месечината. Прстите сѐ повеќе ми се вкочануваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Жал ми е за неговата младост, но уште повеќе ми е жал ако ти си го потрошиш животот на духовни истражувања без желба за сопствен пород и искуството на мајчинството, што е една од најголемите радости на жената.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А и откако ме исклучија од сиџилите во Државниот архив, кои ги открив и на кои им го жртвував животот, и шеќерот сѐ повеќе ми го згорчува животот, работите се јасни... – продолжи Татко.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Колку повеќе им се доближувам, толку повеќе ми се оддалечуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)