покорно (прил.) - прифаќање (имн.)

Одвај ако има нешто повозбудливо во нашата народна традиција од тоа кротко, покорно прифаќање на судбината, од простувањето со животот кој помина во чекање, меѓу две трепнувања на трепките: „Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзаслони тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)