порано (прил.) - никогаш (прил.)

Јас порано никогаш не останував сосема сама дома ако тие тројцата заминуваа, но сега тоа го можев и го посакував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Домаќинката ја очекував со таков срам каков што порано никогаш не сум почувстувал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе уживам без нив, си велев, раат ќе бидам, што сакам ќе си правам...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Милата баба, таа знаела сè за него и за Јана, а порано никогаш ништо не го прашала, ништо не му кажала.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)