после (прил.) - на (предл.)

Да одморат малку таму и после на раат, со чартер у еден правец, директно накај вечните ловишта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ќе запаѓам на една страна, па после на друга страна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само на одење Никифор ќе ми се испули со тажен поглед и ќе праша: — Кај ќе одиш после на работа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Болничарката беше малку возбудена, па првите два убоди не успеаја, но после на другата рака сѐ беше сосема в ред. 28 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Првин го качувал на маса, па после на покривот од меаната и на крајот го качувал и на некоја топола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)