после (прил.) - прв (прид.)

- Прво, многу се далеку. А на тој припек без вода... после првото јако сонце смолницата се претвораше во тарана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали да го обвинам оној што ме остави на цедило после првиот лош збор што го кажав.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ха –ха – ха ... – се кркотеше Мече, додека девојчето, после првата изненада, се спушти да бега.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Нашето задоволство бараше да се изрази и после првото интензивно заедничко навлегување во нашите личности, достигнавме рамнотежа на сите сили кои нѐ сочинуваа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
После првата изведба на моето дело за дванаесет радио-апарати, Виргил Томсон рече: „Не можете да создавате такви работи и да очекувате луѓето да ви платат за тоа“. Одвојување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На сите ним им порачува, доколку се најдат во иста или слична ситуација, веднаш да побараат свој близок адвокат, кој ќе им помогне: „Сега, после првиот спор, е лесно...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Машаланов е за поздравување затоа што ги ох- рабрува големиот број „непријавени“ и неосигурени работници – кои, правно гледано, немаат склучено договори за вработување и поради тоа чувствуваат дека се наоѓаат во инфериорна позиција vis-à-vis своите „газди“, да си ги бараат своите права по и судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Машаланов задоволен од одлуката и од ефективноста при нејзиното спроведувањето, бидејќи од истата ја доби чесно одработената финансиска надокнада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)