постојано (прил.) - те (зам.)

Сега постојано те гушкаше и бацуваше, ти се извинуваше ако нешто ти згрешил, беше многу нежен со тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се обидувам да не те заборавам... и кога дишам и кога спијам и кога сонувам, постојано те гледам и те чувствувам... понекогаш ми будиш насмевки, а понекогаш правам бројаници од моите солзи.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Чудно е кога вака, оддалеку слушаш: сé напрегаш, а нешто во тебе постојано те штреца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Постојано те исправа пред прашањето- Зошто дишеш, зошто на оние што го сакаат животот им го трошиш кислородот?“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас постојано те гледав и ти се насмевнував.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влеговме во автомобилот, возев брзо колку што можев, по патот постојано те прашував: „Се држиш ли? Како си?“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Постојано те прашував: „Сигурно ли е празна?“ Ти ми одговараше да не се грижам, дека внимаваш на тоа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)