Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој ден, кога Атанас Дамчески молеше и лелекаше на Молитвена Вода, остана за приказ во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин бил ископан трап длабок над три метра, а потоа продолжиле работите врз копањето на каналот, т.е. хоризонтално.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Првин бил христијанин, а потоа се потурчил. Но зошто? Морал ли?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Првин бил во Лепоглава, му рече, а сега го префрлиле во Билеча. Потоа беше војната.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)