првин (прил.) - ги (зам.)

Ослободена од чувството на заминувањето, првин ги смени пердињата на чардакот, па навлаките на миндерите, по купи нови рафтови за Татковата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бугарското име меѓу Словените беше популаризирано од Грците и тоа првин ги означуваше само Бугарите – Монголите, после нивните воени сојузници, после бугарските поданици и најпосле стана етнографски термин за бугарските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лошото време ги смрзна и луѓето, првин ги ослепе, потоа ги скочани.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште раното Јован почна да копа. Првин ги истрга оние неколку сиви камени плочи кои беа речиси набиени во земјата, ништо посебно повисочко, исплетени со корења од трева и капини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, авторот и на едниот и на другиот текст бил истиот, учителот Димитрија Боте, со тоа што е очигледно дека првин ги правел записите, а потоа дел од нив објавил во „Цариградски весник“ во форма на допис под рубриката „Портрети на видни спомагатели на народната култура“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие првин ги симнаа редениците, ги извадија пиштолите, ги закачија на клиновите зад вратата и наседнаа на столчињата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш илјадници Албанци ја напуштаа земјата скришно, првин ги опседнуваа амбасадите, а потоа на јуриш заземаа бродови, го минуваа Јадранот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Почнаа, најпосле, отворено да војуваат. Првин ги сплеткаа своите гранки и почнаа да се задушуваат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)