Тој, од своја страна, својата начелна вина во ниеден момент не ја губеше предвид и, исто така, немаше илузија дека проблемот на истата начелна вина го има и таа, но не сфаќаше зошто тоа за возрасни и зрели луѓе би резултирало со уништување на бракот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Го имам предвид и тоа“, рече Владе, „но меѓу хрониките најдов еден исечок од грчки весник што излегувал во Цариград.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но треба да се земат предвид и други околности.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„Земени се во предвид и таквите случаи“, побрза да му излезе во пресрет службеното лице.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)