ревносно (прил.) - ги (зам.)

Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така Камилски сега можеше слободно да му ја препушти иницијативата на Татко, кој во тој период ревносно ги читаше делата на балканските книжевни класици, особено оние од првата половина на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден таков контекст, машката геј-култура, онака како што беше воспоставена, личеше на само редица стереотипи – и тоа хомофобични – иако премногу често, за жал, интернализирани и од самите геј-мажи. ‌И така, мораше да се преселам во Австралија, да се средам онаму со дечко двапати помлад од мене и самиот да минам низ сопствената геј-иницијација за да ги гледам за првпат, во 1990-тите, филмовине од 1930-тите и од 1940-тите што онолку ревносно ги избегнував во 1970-тите. (Излезе дека биле прилично добри.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бруклинците-Словенци ревносно ги подигаат своите граници, своите царинарници, ги воведуваат своите пари кои веќе не се нарекуваат долар туку - толар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)