Исто така, ако се знаело дека повеќето мажи што си ги посакувал додека си растел сигурно ќе те одбиеле, и тоа не поради твоја вина, па уште и ако забранетата желба по нив затоа ти била осудена да се искажува само во соништата, во безнадежни мечти за сексуална оствареност и за романтично блаженство, тогаш си немал никаква причина да му дозволиш на светот да ти ги ограничува мечтателствата и да ти го ограничува мечтателскиот светокруг на тесното поле на возможноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека каните некого друг да ви се придружи во романтично блаженство, далеку од тоа дека на додворувачите им објавувате дека сте ја научиле поуката од филмот, дека душата сте ѝ ја отвориле на можноста за геј-љубов и дека во животот сте подотвориле простор за некого со кого ќе го делите, упатувањето на „Планината Броукбек“, всушност, укажува дека немате ниту потреба ниту место во животот за никого друг, бидејќи внатрешниот свет ви е сосема обземен од геј-романсата што веќе си ја живеете таму во крајна и доволна мера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И тешко дека ќе се задоволат со нешто помалку.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)