сега (прил.) - никој (зам.)

Е, дури сега никој нема да те сопре. Сега имаш сила како Херкулес. Неуништива. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Освојуваше чекор по чекор од таа белина и тоа сега никој не можеше да му го расипе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше ништо што да каже. Се чинеше дека не халуцинира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никој немаше никаква идеја зошто тој се однесуваше на тој начин. Ни сега никој нема.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Офицерот почна да брои на германски: - Ајн минутен, цвај, драј, фир, финф!* - но и сега никој ништо не рече.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Мојата работа е оставена на нива, вели Витомир. Мојата работа, вели, сега никој не ја работи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега никој нема со нас: ни некој нешто да нѐ праша, ни некој да ни каже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)