Неговата нервоза, хистерија, импулсивност, неговата љубов кон гламурот и „морбидната љубов кон згодни работи, кон придушена светлина и кон свежо цвеќе“ (122) се сѐ особини што се општествено кодирани како немашки и што му го заведуваат геј-сензибилитетот под знаците за невротичност и, особено, за женственост.
Херман Мелвил, пак, ги протерува сите траги на женственоста од човечкиот крајолик во „Били Бад“ (1891).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понешто од „женственото во мажот“, сигурно, можеби опасно тлее во машкото срце, но барем нема свежо цвеќе во Мелвиловиот приказ на британската морнарица.249 Мелвил прикажува жесток семашки свет, во кој нема ни најбледичок знак на настран сензибилитет, но кој истовремено е крајно опиен од машка убавина – со таа негова „красота и моќ, секогаш привлечни во мажествениот спој“ (292) – и е сеприсутно проткајан со истополова желба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)