Не знам како е сега, добри мои, не знам како вие се однесувате и како ги сфаќате своите учители, но ние, убаво се сеќавам, секогаш сакавме да им подметнеме, да ги подлажеме, да ги надитриме, да забушиме; секогаш убедени дека учителите постојат само за да ги измачуваат децата, да им налеваат во главите некакви непотребни знаења, да им ја ограничуваат слободата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)