сериозно (прил.) - и (сврз.)

О'Брајан гледаше одозгора во него, сериозно и истовремено тажно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговото лице одново стана сериозно и тој ја крена чашата: „Мислам дека би било пригодно да почнеме со здравица. За нашиот Водач: за Емануел Голдштајн.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас, меѓутоа, го земав мошне сериозно и уживав, бидејќи најдов некои заеднички точки меѓу шахот и сликарството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
СПИРО: Море, јас нему ќе му дадам еден ум како да си ја земе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Благо потсмевливо.) Така. Која не ќе појдеше за убавината твоја и за богатството. (Сериозно и со сочувство.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вешто ги изопачуваше имињата додека прозиваше сериозно и незаинтересирано: - Нека стане...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вера беше доволно жена во секое жилче на телото за да го сфати ова сериозно и да не покаже дека нешто очекува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си се удрил во тилот и може да стане потрес на мозокот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас ти посакувам само со олку да поминеш, ама сфати сериозно и оди право дома да легнеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)