Тука, во Солун, тој беше начин на живеење. Во текот на овие посебно тешки месеци без Цви, таа уште повеќе се чувствуваше странец во овој град на кој маж ѝ му беше духовниот предводник, а нејзе најважната врска.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)