скршено (прил.) - стакло (имн.)

Се стрча пред себе со ситен чекор, како да газеше по скршено стакло и го снема во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нешто чкрапна, како да се отклучува врата, потоа одекна тресок од скршено стакло.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тоа грепкање - канџи на стаорци по скршено стакло?!, прашува другиот (црн итн. бог-пајак- матица).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но што повеќе го гледам, напрслините ми се допаѓаат сѐ повеќе; не изгледаат како скршено стакло.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Учеше веќе озарено, полека, внимателно, како да гази по скршено стакло со боса нога, да клекне покрај маргаритките, кротко и умилно да ги кине и да ги собира во скутот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Илјада и петстотини деца со голи раце и неколку лопати, камче по камче, парче по парче скршено стакло го исчистивме и го израмнивме теренот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука беа двата кревети на слугинките, еден од кујнските ормани, шкафчето за садови, и трициклот на стариот... и уште еден куп скршено стакло... сигурно го беа испразниле таванот!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Целата дупка!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)