Вулфила се задоволува со замена на неколкуте специфично грчки фонетски значења во системот на писмо со конкретно готски фонетски значења, со што во готскиот систем на писмо не се нарушува ниту редоследот на знаците, ниту нивната бројна вредност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но притоа, ако готското писмо го следи грчкиот прототип не само во поглед на редоследот на знаците на алфабетот, туку и во поглед на количеството на знаците, тогаш во случајот со ерменското писмо имаме значително отстапување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Отсуството на дополнителни знаци во готското писмо се објаснува со фактот дека специфично готските фонетски вредности се сместени во рамките на грчката алфабетска низа по пат на супституција на некои специфично грчки фонетски значења, кои се одвишни од аспект на готската фонетика.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како и грчкиот прототип, така и готскиот алфабет содржи 27 букви со веќе напомената бројна вредност, при што последниот 27-ми симбол на готската алфабетска низа, кому во грчкиот му одговара еписемонот сампи, се употребува само во својата бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)