А пак тие зачекуваат на старците да им се скорнат некогашните мераци, да им забаботат дамарите од далечните спомени за ората среде село, нозете да им се раздвижат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И наутро, и напладне и навечер се собираа пред селската продавница среде селото и чмаеа и чавееја, никој ништо не велејќи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Еден ден, на Свети Никола, имавме игранка, гледам среде селото дојде една чеза, а од неа се симнаа мојот школски другар од Марена и двајца полицајци бугарски, се симнаа и право се упатија на орото.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кроце, кроце - задумани, да не би да згрешат... небаре го сонуваат сонот за првото велигденско оро моминско среде селото.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Си кажуваат за јајцата вапсани, за бело - црвено, за оро моминско среде село на Велигден.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)