страшно (прил.) - е (гл.)

Страшно е да се поверува дека ќе се биде тоа: осамено стебло на чии гранки ќе разлистуваат зборови... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Страшно е само да ги одминуваме работите кои се случуваат насекаде околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наместо да застанеме, убаво да ги погледнеме, да им кажеме на мајките, татковците, браќата, сестрите, пријателите колку ги сакаме, ги подржуваме и разбираме, најблиските го сакаат нашето внимание.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Страшно е ако лекарот може да биде повреден од болест.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Страшно е кога некој те гледа право во уста, а ти се озабуваш покажувајќи ја својата очевидна несовршеност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Фитилот е угаснат, фитилот е угаснат! Но, не е можно тоа! Страшно е да се чека вака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Страшно е то шо се случува во Германија, во Италија или Шпанија!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Страшно е ова шо се случува Грција, а и воопшто во светов во моментов, ко шо знајме, се случуваат страотни работи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Тешко е, мачно, страшно е туѓинец да си, гост да си, в својата земја таткова. Нација сме или не?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
- Страшно е да се зема мито, - одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)