таму (прил.) - ѝ (зам.)

Таму ѝ е подобро. Разведрена е и полесно ѝ е од оној ден кога чичко Петре ја зарадува со веста за учителот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И таму ѝ останаа верни на семејната традиција на изучување на правото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)