тивко (прил.) - шепоти (гл.)

- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Дур, бре ѓаур34)! - викна војникот со ножот на пушката.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И тоа беше дома... Дома... Дома беше и старата исчадена икона на Богородица обесена во ќошот и масленичето што без престан гореше пред нејзиното лице и молитвите тивко шепотени – за здравје и бериќет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тоа време под големиот бор седеа Толе и Јован, сами и тивко шепотеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А брановите на душата го прицврстиле премногу твоето битие во моето срце... и тивко шепоти да се сетиш што си ми бил...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)