токму (прил.) - на (предл.)

Тоа јасно се гледа од анализата на постојаните измени и дополнувања во законската регулатива, која се однесува токму на правата на работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека ги чекав гостите глетката, ова прекрасно зрение: фонтанчето ме асоцираше токму на македонските состојби кај нас, едно добро вртење во круг.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стоејќи на една нога и обидувајќи се да постигне совршен баланс, како што тоа го прават чапјите и фламингото, со раце испружени на правците Исток - Запад, се надеваше дека конечно ќе биде допрен од раката Божја, токму на ова место, зашто ако не овде, сигурно немаше никаде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ако некаде мириса на ориент во Солун, тогаш тоа е токму на пазарот, оној што граничи со „Виа Егнатија“, со „Цимиски“ и уште со некои главни солунски магистрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа значајна битка се водела на Лајпцишкото Поле, токму на местото каде што е подигнат овој споменик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Човек не може а да не се праша: зар токму на овие непроодни кањони требало да се гради и да се живее?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе видиме ќе земиш или не! — и го затвори токму на Благовец во една од визбите на кулата, го протепа неколку пати и им нареди на Трајка и Кулета да се спремаат одма по Велигден за свадба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Без да покажат и најмала тревога, гостите се запатија кон Тодоровата куќа, која сега не беше на крајот, како дедо Волчевата, туку токму на сретсело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ваквите очајници не се спремни за големи игри, често пати нивната кариера завршува во морето на криминалот каде најчесто слугуваат како третокласни робови токму на оние идеи против кои во стартот на нивната мисија толку жестоко се бореле...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
МИТРЕ: Еее... тоа е, се рекол зборот. „Нема сѐ токму на овој свет“!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зарем стрико Анѓел нивни не го изгуби животот на свето место, на Алилово, и тоа токму на прв ден Водици и борејќи се за светата наша славјанска црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука, токму на влезот на Потковицата, неочекувано се раширува; во должина и ширини од неколку стотини метра прави еден секогаш полноводен, наместа и по неколку метра длабок и со риба богат вир.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А ете, убавината на таа ноќ, слична на топол леб изваден од под вршник, ме потсетуваше токму на тие воздушести празнини во него. Или сум била гладна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и онаа приказна за сонот во прегратката на војникот кој знаел да бакнува најтопло иако тоа го правел преку превезот на ноќта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луција знаеше без потреба да се фати за косата и со раката да помине низ неа, токму пред мојот нос; знаеше да повлече со палецот замислена линија по својот грб, токму на ‘рбетот, иако за тоа немаше никаква посебна причина; знаеше, исто така, да се налакти во полупрофил, и со моливот да го потпре носето, небаре заинтересирано го слуша предавањето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност, меѓу сите луѓе, како што знаеме, Исус им дава предимство, покрај децата, токму на божјаците, на нишчите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му рекол на императорот дека токму на тоа место „навистина се чувствува некаква лага“ и дека понекогаш авторот прибегнува кон такво нешто само за да создаде „потребен ефект“ кој, пак, по природен пат не може да се постигне.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Токму на тригодишнината од нивната заедничка врска, некаде околу Голема Богородица, Томо беше итно повикан во болницата во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Браздите на челото од домаќинот како годови ги покажуваа неговите зрели години, но две вертикални бразди токму на челото покажуваа нешто сосема друго.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, токму на спојот на двата звука, тука блиску до соколааната, беше зборното место на Радица, матурантка во Економското училиште, и Роска, ученичка во Чевларското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
XXII. Негде пред зора, токму на добата, за која синојка помисли дека треба да биде скорнат, Змејко веќе стоеше на својот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цевката, дебела цела педа, се испружила токму на средината. - Нема да нѐ запреш, ти гадотијо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
САВЕТКА: (со себе си). И момичево не ми е токму на умот! (излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Арно ама, времето, војните и селаните од околината, сакајќи да ги потпрат ѕидовите од своите имоти, ја разурнале камен по камен, па сеќавањето на кулата се чува само во приказните...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најубава и колку што е можно понереална приказна, од која ќе ги заборавам родољубивите и противречните лаги од овие неколку весници што ги купив токму на брегов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во една друга прилика покажав дека овие гробишта мажјачки се всушност свадбената ложница на Еросот/Ерген - грчкиот корен на зборот “cemetery” (koimeterion) го содржи амбивалентното значење и на гробишта и на свадбена ложница. калапи Во секојдневниот говор (а не само кај сексуално опседнатите личности какви што сме вие и јас), креветот предизвикува сексуални асоцијации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тогаш се развива анксиозност како резултат на сексуалниот однос, којашто индивидуата се обидува да ја избегне токму на тој начин што станува неспособна за оргазам, импотентна, фригидна или апстинент.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Денешните системи во огромно мнозинство се фонолошки; нефонолошките системи ги наоѓаме претежно во најстариот период од историјата на писмото, и токму на нив сега накусо ќе се задржиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој всушност сакаше да укаже токму на натрапниците во балканската историја! На нивните вознеси и заблуди, на илузиите и апсурдот. Колку погоре, толку потрагично.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да ја создаваш историјата, да станеш нејзин дел, пишуваше во воведените страници на својот ракопис, значи да се стремиш и кон величина и траење, односно да гледаш на времето повисоко!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Внимателно ја слушаше плочата. Камилски им се восхитуваше на големите композитори, но размислуваше што можело токму на јаничарите, кои влевале со векови страв и трепет во Европа, и на нивниот марш кој влеваше страв и трепет кај противниците, да им посветат свои композиции и тие долго време да бидат изведувани на европските музички подиуми?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трите сили се борат за завладување токму на овие густо населени региони и за областа на Северниот Пол.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, зацементирањето на губењето на одредено право се случува токму на таков начин што неуживањето на одредено право, преку усвојувањето на соодветна законска регулатива, престанува да биде кршење и станува намалување на правата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На Биновци им притекна на помош самиот нивни анџија — „Бугаринот“ Мито, со сите Јенималци од Битола; на Дима — неговиот „Грк“ Крсте Нале, со сите џамбази и Власи од атпазар и токму на местото каде што Турците го обесија Алекса Турунџа се отвори „муаребе“(Војна).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ништо не можеше да ја одврати од намерата да ја мине границата, да го оствари судбинското враќање во родната земја, откако стигна црвената виза, токму на денот кога таа наполни 70 години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Страниците му летаа под палецот. Потамина запре во белите листови, го отвори именикот токму на буквата Б, на Бри...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Паметам токму на ова бев помислил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„На Руската плажа?“, прашувам јас. „Токму на неа“, вели тетин ти и се смешка како победник на кого воопшто не му е важна победата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пелагија по втор пат се соочува со Богородица, еднаш веќе се помирија, Пелагија ѝ прости за она што се случи дамна токму на ваков ден во нивното село, ама дали во тоа простување беа споменати и страдањата што траат од тогаш досега?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа го сторија токму на 1 јануари 1906 година.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)