- Во толку деца ќе има и големи и мали, му велам. Не се раѓаат сите наеднаш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Ане врескаше и се обидуваше да стане, оставајќи калливи траги по бетонската патека.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пронаоѓав сокачиња, куќи со градини, и не можев да се начудам – од каде толку деца? Од каде толку игра?
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И се радувавме на малата Кате, бидејќи по толку деца мртви, со Стеве станаа како близнаци.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Немој Тони, жити сè, не го тепај толку детето...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Што морала таа? Морала да ги чува толкуте деца, да се грижи за сите мали и поголеми нешта, да го поправа расипаното, да го оздрави болното, а тој, Никола, се бавел божем со големи работи, го гледал светот “од точката од која и бог нѐ гледа нас“, што би рекол Симон, и од таа точка, се разбира, мислел дека му е дозволено да издржува и друга жена, љубовница Ерменка, па уште и паштерката да ја соблазнува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)