толку (прил.) - на (предл.)

Ќепенците од крчмите мирисаат колку на вино, толку на бира, уште повеќе на печено месо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Аааа!... (отпотпирајќи ја портата): Полека, што била таа работа што дошло толку на брзина?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како не се најде некој и нас да нѐ брани, господе, што им згрешивме толку на сите светски сили?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не мислам толку на сопственоста - вели Даскалов – колку на она другоно, адаптацијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посака да ѝ кренеш паметник на твојата љубовна авантура со онаа Стојна ли, Стојка ли? - за момент ми се причини дека се обидува да ме исмее Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Детето припаѓаше колку на Сонцето, толку на квечерината.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Оставаше впечаток не толку на снага, колку на самодоверба и на разбирање, зачинето со малку иронија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)