толку (прил.) - наивен (прид.)

Но тие не беа толку наивни па да му поверуваат, зашто и гласот на Чанга трепереше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Хелвиг е толку наивен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не му беше заради самото крувче, како што не му беше ни само заради компирите (пак ќе се роди нешто!) Не, тој се чувствуваше излаган во својата верба, насамарен, и му беше криво дека се покажа толку наивен да оди по умот на овој калпазан, како што почна во себе да го вика Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)