Повеќепати слушаме дека кај популарната култура се работи за нешто површно (или “бездлабочинско”, ако го употребиме изразот на Frederic Jameson), но тоа сѐ уште не ги оправдува површните оцени, претходните квалификации и лесниот пристап.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Некогаш бев млада и многу поубава, претпоставувам, ама никогаш толку посакувана дружба за муабет како сега.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мајката и ќерката сакаа на својот, толку посакуван потстанар, со грижа и внимание да му ја надоместат неудобноста на сопчето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе биде потребно уште многу разјаснување и заплеткување, објаснување и мистифицирање, за да дојдеме до поцврсти и можеби дури поупотребливи заклучоци за популарнара култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А покрај тоа, немам преголеми илузии и не би се осмелил да тврдам дека го знам патот што води кон тој толку посакуван (?), а воедно и тешко досеглив идеал, некој вид одговорно уживање.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како тоа да ја комплетираше среќата што ја доживуваше со својата толку посакувана Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ова сопче, задушливо, мрачно, затскриено од соседната зграда, токму одговараше на расположението на потстанарот. Тулио Бути секогаш сам одеше по улиците, дури и без оние двајца неразделни другари на најголемите осаменици: цигарата и бастунот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Поради некои според мене сѐ уште нерасветлени околности Вртанов беше оценил дека токму во мојата личност може да се види идниот шеф на одделението па затоа настојуваше навреме да се здобие со толку посакуваниот статус на доверлив соработник.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)