толку (прил.) - редок (прид.)

Понекогаш просветлувачката промена на состојбата на свеста може да се јави на начин каков што опишува Абрахам Маслов (Abraham Maslow) кога зборува за „врвното доживување“ (“peak experiance”), состојба која не е толку ретка и којашто секој од нас може да ја доживее барем еднаш во животот, што остава неизбришлива трага и нѐ насочува во понатамошниот тек на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според неговиот пријател писател постојат две врсти на госпожи Сенки; првата врста е сиромашни госпожи Сенки кои мирисаат пријатно но не толку пријатно како втората врста, а тоа се богатите госпожи Сенки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но ниту првата ниту втората врста госпожи Сенки не може да дефецира банкноти од по 1000 ДМ., и тоа е она што всушност го прави Фјодора толку редок помеѓу госпожите Сенки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Незгодата (или згодата) во врска со градот беше што тој имаше само неколку ретки жители, исто толку ретки колку забите на стара баба.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ретко се случуваше да се најде во нивната мрежа толку редок емигрантски примерок каков што бев јас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не е ни на мојот, ни на твојот јазик, но бидејќи тоа е библијата, а бидејќи е и толку ретка и убава, мислев ќе те радува да ја имаш меѓу многуте други книги што ги чуваш кај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие постојано ми шетаат пред очите бележани со боите на неуништивата трајност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И вистинското, воедно најтешкото прашање според вас останува: што да се додаде врз белата страница?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затоа вистинската поезија е толку ретка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не сосем доволно за да види како првата плоча му станува платинеста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку долго живее? Дваесет и пет години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие се толку ретки. Чита дека снежниот леопард јаде цицачи и птици. Осамено живее.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)