толку (прил.) - слободен (прид.)

„... Јас очекував да ме покани да седнеме, но таа намами кон внатрешноста на собата, се сврте кон мене, ми се загледа право в очи и, приближувајќи ми се подадено,очигледно охрабрувајќи ме, се почувствував толку слободен што ја потфатив со двете раце околу слабините, а таа, за возврат, ми ги фрли своите две раце на рамената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За првпат откако ја запозна Горда, Грдан се почувствува слободен, толку слободен што не знаеше што да прави со себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)