толку (прил.) - страшен (прид.)

Низ гужвата почуствував некоја мешавина од евтин парфем и испотена мишка, но таа смрдеа и не беше толку страшна колку онаа духовната која лебдеше низ воздухот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во ноќта, така задуман и свиткан крај огнот, Аргир не му се чинеше толку страшен како дење.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Меѓутоа, тој не е толку страшен како што некој би претпоставил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога ќе ѝ држеше епитимија на Смилјанка, како и на другите грешници, отец Иларион гледаше да биде одмерен во сѐ: не постапуваше ни многу љубезно, ни многу благо, за да не сфати грешниот дека гревот не е толку страшна работа, дека тој е нешто невино, игра што може да се повторува; но не постапуваше ни многу строго за да не му ја разрани и онака разранетата душа која согледувајќи го гревот, започна да пати - мачно да зацелува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нормално дека покрај сите убави ствари, постојат и некои чудни (нус) појави; cреќа не се толку страшни.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Можеби е залудно, и Барбашин не е веќе толку страшен; гледате, дури испадна во рима.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ах, господи... Знаеш ли, денес си го спомнив моето малечко, - како би играл тој со овие топки, - а Аљоша беше толку одвратен, толку страшен!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имам впечаток дека соработувам со интелигентно момче кое не е раководено само од своите инстинкти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ајде, помогни ми да сфатам што размислуваше. Како си ја замислуваше акцијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таквата помисла и не е толку страшна: Си посакал значи да и го соопштиш она што те копкало, што ти било врежано во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И баба ѝ на Дора беше дебела, но не толку страшна, затоа што повеќе се смееше и си разговараше со соседите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, очите и искривената уста ѝ беа толку страшни што Кристина веднаш се повлече и во тоалетот останавме само јас и тетка Олга, која продолжи да ги цеди крпите во кофата и да цимоли.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Реши дека треба да изгледа како младолик, страстен, енергичен, чувствителен и образован маж, па воведе реформи и во својот изглед, и во однесувањето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Санката почнува да се лизга сѐ потивко и потивко, фучењето на ветрот и на лизгањето не се веќе толку страшни, здивот веќе не застанува во градите и ние најпосле сме долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку подоцна таа доаѓа на себеси и веќе со прашање ми се загледува во очите: јас ли ги кажав овие четири збора, или пак само така ѝ се сторило од виорот на ветрот сред шума?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)