толку (прил.) - уморен (прид.)

Мора да повторувам стихови или системот на барање зборови со а, потоа со а и е, со петте вокали, со четири.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од студ, зашто снегот ѝ навлегуваше во распарталените чевли, зашто по патот под нозе по плоштадот си заминуваше Клара Аицети, преубава во своето сиво палто, косата малку распуштена низ ветрот, без да го сврти лицето и си заминуваше. Прев.: Фросина Стојковска
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш забележувам дека на сплавот се сонча една гола личност, и почнувам да викам „Помош!“, а таа ме погледнува, си ја отстранува косата од лицето и ми подава рака, но иако се давам, мене ми е страв да ја прифатам нејзината рака затоа што личноста е ТАА.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„До бога, Џул, тоа е морничаво.“ „Сонував како ти и јас се наоѓаме на плажа и ти ни носиш кренвишли, но си заборавил да земеш сенф, па мораш да се вратиш до трафиката.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синоќа одново, јас толку уморна од бразлетни и шоу-бизнис, од pink champagne и лицето на Ренато Вињес, ох тоа лице на пелтечка фока, како портрет на Доријан Греј во последната фаза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Крај нивната плажа тие имаат сплав за пливање и во мојот сон јас пливам кон сплавот, но тој постојано се оддалечува до моментот кога го гледам далеку во водите, а јас сум толку уморна што ако не стигнам до него, ќе се удавам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги затвори очите во целосното сраснување, избегнувајќи ги надворешните впечатоци, самрачната светлина; одненадеж толку уморна, но сигурна во својата победа, без да ја слави како толку нејзина и толку чекана. Ѝ се пристори дека една од двете слатко плачеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но сега, Ве молам, пуштете ме да појдам, пак се нишам - бев толку уморен - на крилја ќе го минам патов - со мојот син меч од анемон - во попладневното струполување на светлината - во урнатините на југот - во облачјето што се распаѓа - распршување на челото - лутање на слепоочниците. Gottfried Benn, 1886-1956.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)