толку (прил.) - учен (прид.)

Ние селанките не сме толку учени да пречекаме вакви госје, токо ќе декшавате!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тој контекст би морал да го цитирам Монтењ: „Ги сакам селаните, тие не се толку учени за да резонираат наопаку”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А ти, дали веруваш? – Јас, мили мој, не сум толку учена да можам да посочам философски докази за постоењето на Севишниот. – Имаш право, никој не успеал во тоа, сите учења на човека не се доволни за тоа. – Но јас, сепак, верувам во нешто. – Во што веруваш, мила? – Верувам во чинови на храброст или на верба, кога ќе се соочиме со безнадежноста. – И тогаш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)