толку (прил.) - успешно (прил.)

Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зошто е толку слаб успехот во досегашното производство на машините кои ќе гледаат и слушаат, ќе учат и размислуваат, кои самостојно ќе се движат во околината? okno.mk | Margina #15-16 [1995] 43 Moravec во одговорот на тоа прашање предупредува на фаталниот европски презир кон можностите кои произлегуваат од сетилното осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, додека компјутерските програми кои што симулираат разумски операции, ги решаваат своите задачи скоро толку успешно како некој си студент-почетник, на најдобриот програм за роботско водење му се потребни часови и часови пред да идентифицира неколку предмети на масата и потоа да ги земе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Всушност моето предавање е толку успешно затоа што зборовите ги надополнувам со една мимикрија што ја изведувам и со секој дел од телото и со целото тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа го правеше толку успешно што јас почнав да се јадам себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Музичарот е благо катапултиран кон една непрегледна сфера каде што сонцата и месечината слободно летаат, каде што душата ја добива својата природна слобода extra corpus, а звукот само го бележи нејзиното скитање.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бе рекле, тоа е онаа иста поетика на прошетката којашто, своевремено, на книжевен план, толку успешно ја промовираа француските надреалисти при средбата со магијата на еден Париз (иако нејзината генеза треба да се бара веќе кај Бодлер).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сè се изврши толку успешно што и најдобриот воен инженер би ни завидел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И покрај многу распространетото убедување дека машката геј-култура постојано застарува, излегува дека со текот на времето се сменила многу помалку отколку што сакаме да тврдиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не успеало да инсталира геј-политичари и спортисти наместо женски диви, а не му ставило крај ниту на машкото геј-вреднување на вкусот и на стилот – иако геј-модите еволуирале од 1950-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто машката геј-култура, како што видовме, навистина ја покажува упорната неминливост што ја поврзуваме со јазично заснованите култури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-ослободувањето, всушност, не било толку успешно во напорот да ги преработи субјективните животи на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Прекрасно доживување, синко, искрено се радувам дека толку успешно си се вклопил во новата средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)