точно (прил.) - е (гл.)

Бев свесен дека табуто е прекршено, но беше интересно тоа што е толку тешко да се лоцира каде точно е табуто.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Кога доаѓаа џандарите и војниците со тоа нѐ тепаа... - Да, точно е.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Точно е дека нашето општество е поделено на слоеви, и тоа мошне строго поделено, и по линии кои на прв поглед изгледаат како да се наследни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Точно е дека малку сум пристрасна во работата, зошто ја сакам, го сакам тој бренд и неговите производи ги обожавам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Точно е дека, како што Дерида критички забележа, логоцентричната традиција е поврзана на суптилен начин со нагонот за чистота - обидот да се избегне загадувањето од женскиот неред - симболизиран со она што тој го нарекува „есенцијален и есенцијално возвишен облик на вирилна хомосексуалност“. (10) okno.mk | Margina #1 [1994] 33
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Точно е, јас `рзнувам“, претече во него се. „И лајам како мачката на еден Каин и еден Авел.“ „Па?„ Адвентистот гледаше во него, во својата смрт, беше слаб и набиен в кожурец на неизлез, беше бессилен дури и да помоли за милост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Точно е“, рече тој, “тврдењето на Јохан Барт, во еден негов патопис од 1858, дека во времето кога тој минувал низ Маказар, Никола Поцо се наоѓал во Цариград.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На пример, точно е дека Никола Поцо бил примен од султанот Абдул Меџид и дека добил ферман за уредување на проблемот со даноците и за градење на црквата. Како успеал, тоа е друга работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Точно е, ме снемува од нивниот, од овој свет. Меѓутоа, јас не се губам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Точно е дека треба време за да видиш која форма најмногу одговара на твоите барања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Точно е претседателе, луѓето на Стојан не се вооружени, ама во принцип тие само го прават она за што ги овластил парламентот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Точно е дека нашето револуционерно движење, како народно, се развивало по една историски утврдена закономерност и крајна негова цел била ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Слаба утеха за мене, и голема моја мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Точно е, ќе вели Паун Радевски, предлагам да се облекуваме само во свила и кадифе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Точно е. Ти и мајка ми тоа добро го знаете, но нас, твоите родени ќерки, во заблуда нѐ држеше; го држеше и целото село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но вие сте повиканите што одредуваат колку се снаоѓам во оваа улога?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно е, јас сум неговиот професор и имам задача да поставувам прашања и ништо повеќе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, и неговата додатна дилема што мене ме развеселува а него, веројатно дефинитивно го дотепува; она сладникаво но и горчливо прашање, што самиот тој со тивок глас си го поставува: „Дали навистина ќе ја довршам со успех задачава, и како ќе ме наградат ако ги совладам безвредните тешкотии?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно ли е дека Трајко го убиле долу на пазар со железна шипка затоа што стапнал на ногата на некое турско ловџиско куче. (Пауза) А Марко го обесчестиле и ќерките му ги грабиле трговици. (Пауза) И Горно Село запалено, а селаните заклани? КИРО: Точно е.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Е, ама си здодевен човеку. Па ти рече човекот дека лично се ќе надгледува, нели, другар? - Точно е.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Точно е дека и од порано се сомневав во фриволноста на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но на крајот на краиштата тоа се прашања што зависат од твојот исказ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Точно е и тоа дека уште еден многу поголем број од нив и гладуваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели, и самата наеднаш ќе констатираше: Ништо полесно од тоа, да му влеташ на маж в преграб.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Точно е дека си обвинет за убијство во обид. Но и тоа обвинение не држи вода.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ти го кажувам ова без суптилна иронија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Од тоа што ми го прочита точно е само она ‘стар психоаналитичар’.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Точно е дека ништо не видов, но точно е и тоа дека можев да се досетам подобро од секој друг како дошло до несреќата и кој го испратил тој луд Ракоткин да го среди нашиот Ролан Јаковлјевич! И која била причината!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Точно е, сѐ беше речено од моја страна онака како што веќе изјавив, и како што вели и Кубре“ се обидуваше да ја објасни својата улога во оваа несреќа расплаканата Росана, „но со една забелешка што мора да се има предвид.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Точно е, го прашав гостилничарот: Жива ли е ќерката на Симо Чардаклија?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Почека избезумена, алчно слушајќи го познатиот звук, тажна и испотена, еднаш, двапати, трипати, и конечно го слушна гласот на мажот на својот живот, кој живееше без неа во нивната куќа. – Да?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија се јави без размислување и слушна еден далечен, насмеан глас, кој се забавуваше имитирајќи ја телефонската служба за точно време: – Точно е четириесет и пет часот, деведесет и две минути и сто и шест секунди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Точно е. Но кога некој е задолжен да прави ред, тоа тој го прави насекаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Точно е и тоа дека нашите македонски судии 6 – „многупочитуваните“ членови на благородната каста на clarissimi et amplissimi viri (Кикерон), како да се заразија од вирусот на граѓанското студенило (Т.Адорно), па не сосем ја сфаќаат сериозноста на проблемите на 5.  Цит. сп.Рајнхард Цимерман: Облигационо право – Римски основи на граѓанската традиција; Просветно дело АД; Скопје, 2009; стр. 349.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа, сосем точни се зборовите на Б. Фриер (Bruce W. Frier) дека: На припадниците на пониските [општествени] класи, не им е познато ниту правото – па тие, исто така, се и жртви на социјалната структура која, не само што е прекумерно пирамидална, во нејзината распределба на богатство и влијание, туку е и врзана со груби општест- вени конвенции [и социјални предрасуди]... 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Коста Чавошки: Увод у право I – Основни појмови и државни облици; Београд, 1994; стр. 29-33. 306 Овој, како и мноштво други фактори ги демотивираат и одвраќаат работниците од ефикасно искористување на било каков правен лек и перфидно ги принудуваат да ја трпат неправдата која секојдневно им се нанесува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)