Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Гледајте, нагледајте се, ако не сте виделе угул голи набабрени цицки и бели бедра како треперат на западниот ветар.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Убавината само со убавина се разбира. Помни и врати, пак со убавина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Баш сега, кога во белината на првиот снег те видов во џиш црвено, а под црвеното угул голо на радио некој најде да го пушти Реј Чарлс кој лелекаше нешто за ослободувањето на срцето а мене како удар во гонг ме тресна ехото на докторската наредба за оваа прилика специјално обоена во џиш црвено: „Марш таму на мижење!“
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Едни таму виделе жена, која била млада, угул гола и која се покривала само со косата, црна како капинка, други, пак, велат дека таму имало еден ливод, кој личел на светец, со брадулче, но телото му било долго, голо, обрастено само со мов, со опашка, дебело и без нозе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа, Шава, кога ќе опустела чергата, се слекувала и угул гола се капела во вирот, во најдлабокото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)