Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но таа секојдневно упорно настојуваше да ме ослободи од сите тие обврски, за кои, веројатно, сметаше дека е прерано да ги носам на себе и успеа во тоа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Значи затоа мајка ѝ толку упорно настојуваше да ја однесе чантата. Сакаше да ја изненади.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Доаѓаше сликарот, ги погледнуваше одвреме навреме сликите од Столпник и сè поупорно настојуваше да го прати татко му во сликарско училиште. Во тоа и успеа. Еден ден татко му се согласи.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во летните вечери, под Сина Скала, во потокот, некогаш одамна, упорно настојував и тоа не само со погледот туку и со прстите да им се приближам на звездите за да утврдам дали навистина се движат по дното или само ми се причинува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но иследник е премногу возрасен за да ги практикува ваквите игри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Впрочем што може тој да открие во онаа неподвижна темнина зад прозорецот?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Упорно настојувам да се убедам дека еден од петте големи прсти е неподвижен.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Токму како што стрејт-мажите што сакаат бродвејски мјузикли мораат да потрошат одредена енергија за да ја совладаат сомничавоста на која природно наидува нивното тврдење дека се хетеросексуалци, како што посочува Милер, токму така и во случајот со геј-мажите, „иако не се сите“ и иако „ни повеќето не се“ вљубеници во Бродвеј, тешко дека оние што не се вљубеници се поштедени од стереотипот што упорно настојува дека се.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Редно е да потсетам дека и при најобичните пребарувања по спомнативе тровчиња сведок сум на многу необични настани кои упорно настојуваат да им се придружам и јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ја прашав: кога се паѓа роденденот на В. Зрновски? - упорно настојував да го уверам дека навистина ја сретнав Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
– За жал таа го изумила датумот кога ѝ се родил сопругот – додадов по малку злобно и љубопитно ја очекував неговата реакција.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се противиме го бркаме, но тој упорно настојува и трча како загар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А потоа, (се трудам да ѝ дообјаснам бидејќи за мене е многу битно Бојка да ме разбере), и лекарите упорно настојуваат да се прикажат сочувствителни и наклонети подржувачи на животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)