упорно (прил.) - продолжи (гл.)

И покрај сѐ Марковски – кој зад себе веќе имаше добиено еден судски спор против истиот свој работодавач и поради тоа беше земен „на пик“ – упорно продолжи да оди на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено притисоците не стивнаа и натаму продолжуваа со несмален интензитет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А јас упорно продолжив со старата идеја: - Народот, сепак, остана со својот постојан идентитет и низ трите конфесии, во сите долги асимилаторски периоди на владејачките империи на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Тој веќе еднаш си го одбра патот кога реши да остане во Памфилија наместо да продолжи да патува и да ја шири Радосната Вест“, му рече тогаш нестрпливо, но Варнава упорно продолжи да го убедува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)