Но, конечно, каде ќе му биде местото на инаетот во нашата листа? го прекина Татко расположениот Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Инаетот често има и одмаздничко својство, ирационално спротивставување на очигледни и непобитни факти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Невротичниот пациент, којшто на некој начин се определил за еротското тело наспроти автоматската активност на своето соматско тело, или подобро речено, којшто одлучил да допушти тоа соматско тело да функционира единствено во корист на неговото еротско тело, често има тегоби поради постојаните противречности меѓу инстинктивните сили и нагонскиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ги почитував, иако често имав свое мислење, различно од твоето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Потоа ме префрлаа од рака на рака Маџи, студент по архитектура, трговците со привремен престој Жури и Цембла (со нив често имав и групка, сакаа ражен, им го правев ќефот, ме превртуваа сменувајќи си ги повремено местата за да ме гледаат еднаш во очите, еднаш во газот; зборот ражен лесно го изговараа, но им беше ужасно смешен), ме имаше и фудбалерот Хами, потоа Жизи, Сали и други.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Уметниците и филозофите често имаат кревко здравје, слаб организам, несигурна рамнотежа - Спиноза, Ниче, Лоренс.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Луѓето често имаат потреба да говорат срамни работи; таа генитално-анална симболика е редовен состав на секоја карневалска атмосфера, на секој обред сврзан со култовите на плодноста, обновата и животот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ех – воздивна мајка ми – да си повозрасна... Таа често имаше обичај да каже така, но откако се врати од таа нејзина Индија, секогаш кога ќе речеше, јас се нервирав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Но тој, ете, дури тогаш сфатив јас, тој навистина бил чен на сектата „Паскал и неговите браќа“, како што често има обичај да му префрли мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но, има и тој - си помислив - мама претерува со книгите, а во нив често има и глупости.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Како можеш, Ивана, така да зборуваш кога толку често има во вестите: - помор на рибите во Вардар, или Пчиња, или во Брегалница - и тоа поради еднократно испуштање на штетни материи од страна на непознат загадувач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Децата досмрзнаа зашто често имаа слушано за некој Луман арамија како плени по Битолско и често ги гледаа своите родители како уплашено велат: „Само да не мине одовде планина.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)