често (прил.) - го (зам.)

Таа последна територија е мошне слична на концептот на Арто (Artaud) за „тело без органи“, тело на чиста при­сутност коешто судбински го означи и животот на Арто и неговата теорија на театарот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Интересно е, имено, што теоријата на театарот влијае и врз технолошките уметници и теоретичари кои често го споменуваат Арто како „оној што уште пред педесет години ги слушна обдукциските гласови на Интернет“ (информации за проектот Artaud на Rhizom net).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да, премлада за мене, премладо девојче, се воздржува К*, ама како само умее да си го истакне потребното, често го прави тоа, ја посакува потајно К* сосетката, ја посакува овојпат поумерено, откако дојде малку на себеси по жестокиот напад на сексуалниот нагон.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На Рена уште порано ѝ се допаѓаше Јаков, кого често го гледаше, онака стасит, со широки рамена и убав лик, постојано завјасан низ сокаците на Ла Калежѐ, сиромашното битолско маало во кое живеа и двете семејства, така што предлогот на татко ѝ да се мажи за синот единец на Шабтај метларот, Рена го прими со искрено одобрување и покрај ниската класа на неговиот занает.  Во брак беа веќе петта година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа тоа често го прави. А особено од оној ден кога сестра ми легна болна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Алкохолот може да се сретне насекаде, а често го наоѓа своето место и во самата уметност па така може да го сретнете и во многу староградски, а и новокомпоновани песни како „Пијем на екс”, „Седим за шанком делимично пијан”, „Вино пијам ем ракија”, „Парите ги зеде в меана ги даде” и многу други хитови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Иако често го вареа и поради немање и поради болест...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еднаш разбудена во неговата душа, мислата да стане и тој мајстор со секој ден сè повеќе и повеќе го обземаше и не му даваше мир, макар што Аргир често го навредуваше со остри и неправедни зборови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Шумарот, јадејќи за двајца, со двата надуени образи, често го вадеше марамчето од џебот, си ја бришеше потта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо Димо често го гоштеваше своето внуче со мачкан, а Бојан мислеше дека од тоа јадење поубаво не може ни да се замисли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа значи раскош, а ние често го велиме тогаш кога нешто е непотребно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Конечно, надреалистичните книги на Просперо често го преплавуваат целиот екран, страниците од книгите вријат од компјутерски анимирани илустрации и реални објекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А ништо помалку од сликата, не е загадочен ниту насловот (La mariee mise anu par ses celibataires meme), кој би можел и поинаку да се прочита, следејќи го принципот на двократното хомофоно читање, кое Дишан често го користеше.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Посебната грижа за репродуцирање во „period flavour”, со користење на архаизми во преведените текстови, во деветнаесеттиот век, често го правеа текстот на ЈЦ непристапен за читателот, многу повеќе од самиот текст на ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На неколку пати сакаше да ги потпре своите гради на човекот во сина облека и да се истурка, но ниеднаш не се осмели да го стори тоа зашто овој со својот студен поглед често го опоменуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Отец Стефан имаше едно сосема бело око и жила на вратот што во мигови на бес и злоба (што често го напаѓаа, оти душата слаба му беше) му чукаше како кај гуштерица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во него нешто старо, некаков печат на прерана старост, иако под брчките (особено често го брчкаше челото, што заедно со очилата со ефтини рамки му даваше изглед на млад старец) се гледаше дека тоа е лице на дете.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одамна ја нема баба ми Катарина, а поминати се години и години од настанот што таа често го раскажуваше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Палавите, дрдорливите деца, отпрвин често го задеваа, но попусто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Намерникот тукуречи на секој чекор е изненаден од тоа што често го слуша македонскиот говор, а вчудовиден останува кога на ѕидот на една неколку катна зграда ќе види табла на која на македонски, грчки и англиски со големи букви е напишано ВИНОЖИТО.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Често го запирав погледот на учителката Вера и ми се чинеше дека и таа е нерасположена што го нема татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа пролет имаше мигови кога во Гнездо сите заборававме на своите лудила, мигови во кои нашите лудила забораваа на нас, и мислевме на Добрата Душичка и на Макс, и често го изговаравме зборот “љубов”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Љубов не може да започне овде,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа слика длабоко се врежа во мене затоа што често, многу често го допирав увото до устинката на школката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нивните односи беа поблиски отколку само како однос помеѓу професор и студент: Мисирков често го посетуваше домот на својот професор и разменуваше писма – на полски и на руски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден од најплодните писатели на трактати, Емануеле Тезауро, кого често го наведуваме, пишува: “Лудаците (i mat- ti) посебно се надарени со вештината за создавање сјајни метафори и остроумни симболи во својата фантазија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секој ќе okno.mk 95 признае дека изненадувањата можат да се случат и дека тоа често го прават; тоа е прилично очигледно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Англискиот лиричар Крашоу пишува за величественото лудило на Музата “која би можела да гази по Млечната патека”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Она старче многу често го носеше тоа како прогонење, но Змејко баш и прекумера чувствително кон тоа и секогаш избегнуваше да се покажува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој нешто за себе раскажуваше, а другите често го прекинуваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Александар често го јадеше завидлив сомнеж дека Дарко одвреме – навреме спие со Ема.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Само објектот често го обиколуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работниците весело ги извадија скелињата и од тој сплет на греди и штици излезе мостот, виток и бел, сведен во еден лак од едната карпа до другата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Џон веднаш го поврзува ова чувство со она што често го чувствувал во присуство на татко му, перфекционист, критичен, претерано сериозен човек, со кого се натпреварувал, но и од кого се плашел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веројатно ова беше заради тоа што Жари исто така, во кралот Иби каде е претставено пропаѓањето на европската цивилизација, често го користи „студенилото” како слика на пропаѓањето: Иби, на пример, забележува, „Толку е студено, што ти пукаат коските”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За да го ослободи му кажа дека често го сонува, дека водат љубов во сонот и дека затоа го викнала за да не биде тоа само сон.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дали си ја читал книгава? праша Татко, како што тоа често го правеше кога ќе му позајмеше книга на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски често го прашуваше Татко за тајните на негово време поминато во Цариград, но тој молчеше како Сфинга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас не се согласував со тоа, лично, но и јас често го правев истото. Морав, што би рекле вие.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поради гушењето често го употребуваше кислородот или ќе си шприцнеше од спрејот за да можеш да дишеш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Често насоките, земјите каде што одеше, сам ги одредуваше, а често го завлекуваа и случајностите на кои им се препушташе како откината санта мраз, како лист зафатен од ветрот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Зад брегот се гледа еден дел од планината по која се издигаат огромни дрвја на бука, цер, благун, јаблан, сладун, и кои често го поземаат чадот од дувалото и го разнесуваат меѓу себе - траг да не му остане.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Затоа и поп Јаков тоа прашање често го поткреваше в црква и на свој начин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најмногу навикнати на туѓи господари и знамиња, а најмалку на своето, на ста­рото древно знаме уште од војните на Скендербег, во 15 век, тие често го криеја, во чеизот на невестите, во двојни­те дна, под подовите, го соѕидуваа, со надеж дека слободата ќе го развее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не се сеќавам дали појадував. Наутро, во онаа непресметлива забрзаност често го отворам фрижидерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Дали се плашиш од твоите желби?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Често го правиш тоа што не го сакаш“, му реков еднаш на татко ти кога ми го спомна по којзнае кој пат тој Јенков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но и него често го фаќаше инает и по цел ден седеше под некое дрво и чекаше миг кога ќе ѝ здодее на мачката и ќе слезе вплеткувајќи се во мрежата изизвиткана околу дрвото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пропагандните агенции мораат да го почитуваат “форматот” до последен детаљ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двајцата го знаеја секој пејач - мислам пејачите за кои никој порано не чул - и постојано ги обиколуваа продавниците со плочи барајќи некои стари или приватни изданија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, блокот не може да содржи повеќе од три спота (до две минути).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Покрај општиот тон, креативниот израз често го “лови” и расположението во различни времиња на денот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Купи и конзерви со сребрена боја и со неа избои сѐ, вклучувајќи ја и ВЦ шолјата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во Фектори, оперските плочи се мешаа со сингловите покрај кои сликав, а често го пуштав и радиото додека одеше опера, па песните како “Сладок Шејк” или “Син сомот” или “Луи Луи” често се мешаа со оперските арии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Другиот звук кој често го користеше беше „О!“ кој сигнализираше мало изненадување, присеќавање на нешто или поголема емоција.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој на свој начин овде се ослободуваше од цариградската носталгија, која често го обземаше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе ви пишував дека многу го сакам овој текст и дека често го читам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред неколку години, една млада руска универзитетска професорка, емигрирана во Франција, Љуба Јургенсен, преведе и објави еден дел од книгата на Толстој Исповеди.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татко уште кажу­ва­ше дека дедо често го наслушнувал дишењето на куќата, гласовите на исчезнатите од повеќе генерации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои одат дури толку далеку што занесено говорат за некакво субверзивно, герилско делување на публиката, иако воедно признаваат дека на капитализмот од страна на популарната култура, што веќе заради комерцијалната насоченост избегнува секаква радикалност, не му се заканува некаква голема опасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најверојатно можеме да очекуваме дека во иднина критиката на популарната култура ќе се обиде да ги надмине двете крајности и ќе ги спои политичката економија со анализата на текстот на публиката. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 108
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како моќен доказ за тврдењето дека на крајот луѓето се оние што одлучуваат кои културни артефакти ќе ги изберат меѓу понудениот репертоар, често го наведуваат податокот дека и покрај екстензивното огласување на пазарот пропаѓа 80 до 90 отсто од новите плочи и филмови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко ми тврди дека мојата мајка е човек со најдебели и најцврсти нерви, и, не знам зошто - тоа често го разбеснува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Девојките од училиштето често го предизвикуваа на брканици по ходниците и низ училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Претседателот на Дисциплинската комисија не е пушач, има намрштено лице и видливо нестрплив поради што често го проверува времето на својот рачен часовник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме викаше вештерка. Веројатно често го плашеше тоа што ми беше јасно што прави.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислам зборот самоубиство често го споменував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бидејќи по солунските улици често го забележувал нивното движење, тој по секоја цена сакал да дознае со што се занимаваат овие млади велешани во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)