честопати (прил.) - се (зам.)

Овој функционален говор честопати се карактеризира како „говор од главата“ а не „говор од срцето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, како што рековме, шизофреничарите честопати се служат со преправање и двосмислености.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Честопати се гледаме како секој да му е крив секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А од тоа, што ткаеницата на неговата сигурност во себе сега не беше достатно густа, и што честопати се чувствуваше пробиена, изрешетена, никнеше и таа притаеност и смиреност на неговите движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Честопати се прашувам: од што ли излеговме ние и што ни остана како наследство?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И сега, во одминати години, честопати се потсетувам на тоа што го доживеав во Прењес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Честопати се случуваше работниците да земаат „плати“ кои беа во висина од 60% од основната плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се измени во еден единствен ден. Подоцна, честопати се чудеше како е можно работата да се измени толку многу за толку кусо време. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)