широко (прил.) - распространет (прид.)

Оваа ригорозност се должи на широко распространетата практика на работодавците да не плаќаат придонеси од плата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Српскиот правопис, кого српскиот јазик успешно го одвои од некогашната руско-славјанска мешавина, ќе им го открие и ќе им го омили на Македонците нивниот роден дијалект и ќе ги отуѓи од тешкиот и заплеткан историски правопис со кој се служат Бугарите и како попроста и поуслогодена работа ќе ги разниша кај народот најдлабоките корени на бугарската пропаганда и на бугарската писменост кои Бугарите ја имаат широко распространето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сместен во Поградец, град во кој диктаторот сакаше да престојува секое лето, новелата на Кадаре прикажува еден голем албански поет јадосан од режимот, чија последна слобода, поради немање можност да одлета или да отплови, поради неможноста да ги види своите дела широко распространети, се состои во неговото вљубување за последен пат и покрај одминатите години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)