а (сврз.) - ми (зам.)

Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но немав избор, па се помирив и ги послушав, тајно решавајќи страшните приказни да ги одложам до Маврово, за некое време кога насамо ќе останам со Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Благодарам, велам и ја кинам кутијата, се грабам за цигарите. Палам една, а ми иде сите да ги запалам наеднаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми е страв и од нив, а ми е страв и од вас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми кине меса, а ми е страв да го пуштам надвор, да го одврзам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се пофаќам вака, а ми е страв да не прирасипам уште нешто на главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се качив во возот, а ми идат илјада и една помисла една со друга што не се познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постоја малку и издишна: - Васе е ... А ми се пристори Бузо!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Навистина е чуден и редок. А ми се чини - многу паметен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Види мрави да не влегле во маштеницата, викам, од мравите побрзо ќе зоврие, ќе се скисели, викам, мрави, викам, мрави, мрави, од секаде мрави: во очите, под кожата, во маштеницата, види во маштеницата, викам, а Јон ми се одѕива, не слуша, а ми се одѕива, а мене сѐ ме боли и ме онеспособува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рика, гргори водата а ми ја подзема земјата под стопалата, ме поткопува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ми зоврие крвта, вели, а ми е страв да влезам низ врата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Маса Ќулумоска ми кажуваше, а ми кажуваа и други жени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)