— Сѐ под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! — му се испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имаше и как мојте бркове... - А брада имаше ли? - Не бе!!! Каква брада! Само бркове, и тава потенки ут мојте.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На главата имаше голема бела чалма, очите убави помалку заматени и страшни, а брадата му ги покриваше градите дополу.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ка пучна да пуцрвенева. Ка пучнаа тии бркофте да му се размачкуват.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Народот се стаписа и тој тргна низ шпалирот, не престанувајќи да мава и молчи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)