Седиме во тремот на една суниска селска куќа, а месечината се истура озгора.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Надвор веќе беше квечерина. На гранките од дрвјата полека се палеа ѕвездите, а месечината лежерно се смешкаше во позадина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Високиот снег надвор беше стврднат како чкор, а месечината така блештеше врз него што се гледаше сета нечистотија со која белината беше испрскана во деновите додека нов снег не паѓаше, а стариот не се топеше.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Гледам во луѓето, а месечината стекла дури до врата, мислиш реката надошла пред куќи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)