По враќањето од планината и градот и работата ни се помили, а идната година, само биди ни жив и здрав, пак ќе дојдеме.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
-Животот умее да ни понуди исти формулации со кои еднаш ќе нѐ изнасмее а идниот пат ќе нѐ расплаче.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кругот е завршен – црномурестиот витез со жолтата наметка поаѓа кон Градот, а идната хранителка на змиското семе копнежот незадржливо ја води од Градот, кон прегратката на блискиот незнаенец.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)