Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А еве ја мојата поетика, вели Шагал: Имав една крава која ја врзав со синџир за сонцето и таа си пасеше меѓу покривите и ѕвездите, покрај една древна словенска црква, обрасната во бујно зеленило.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Откако се знам, а еве преку шеесет ги имам, само тоа се збори и до ден денешен никому ништо.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Чесно да се расудува, Едип е ништо пред него, прав што ветерот може да го однесе, а еве, го туриле него на царско тезге.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знам дека не беше будала, го познавав во коски, а еве ѕида вакво едно ѕидиште, будалска работа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Јас се најдов во незгода. Да сакав телевизор, не сакав, а еве Симон со тракторот дури в град.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ете, досега бегав од неа, а еве гледате и сами, навасав баш на магичниот поглед на кој не можам да одолеам.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Те затворив во молк, во својот молк, а еве пак си ми тука како студен кладенец како свежа капачка в треви.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А јас, ете онака, Петрович... шинелов, сукното... еве гледаш, насекаде на други места е сосема здраво, малку е правливо и изгледа како старо, но ново е, само ете, на едно место малку е онака... на грбот, а еве уште и на рамото, на едното рамо, малку се излити, а еве и на ова рамо малку – гледаш, и тоа е сѐ. Нема многу работа...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Рацете ми се полнат со пареа. „Сѐ треба од овдека да почне, од кај нас и од нас да почне“ , се сеќавам на Лазора Ночески, а еве кај нас сѐ се завршува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А еве, пак така трчам, не знам дали ќе го познаам, години не сме се виделе, нозе ќе искршам по скали.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Оти ова писмо сум ти го пишувал јас, вели, од фронтот уште, а еве дури сега стасува. Ебати поштите, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)