ами (сврз.) - по (предл.)

Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но за тоа име, како за наше народно, ние најмногу знаеме не по некакви свои традиции или од Романците, ами по византиските историчари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Си дојду, Бино, си дојду, но не по твоа желба, ами по моа, — му одговори Јован на даскалот Бина, сега претседател на Јовановата општина, и почна да си шета, слободно, во својот стар војводски реон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)